Италија прв финалист во Дејвис купот
- Репрезентацијата на Италија синоќа ја победи Белгија во полуфиналето на Дејвис купот.
Болоња, 22 ноември 2025 (МИА) - Репрезентацијата на Италија синоќа ја победи Белгија во полуфиналето на Дејвис купот.
Пресметката заврши со 2:0, немаше потреба да се игра мечот во двојки.
Прво Матео Беретини го победи Рафаел Колињон (6:3, 6:4), а по него, Флавио Коболи го совлада Зизу Бергс (6:3, 6:7 и 7:6).
Во финалето, Италијанците ќе играат против победниците од денешниот натпреварот Шпанија – Германија (почеток 12 часот).
Италија е актуелен шампион на Дејвис купот. зс/
Фото: ЕПА