• петок, 02 јануари 2026

Иранските граничари застрелаа десет Авганистанци кои се обиделе илегално да ја преминат границата

Иранските граничари застрелаа десет Авганистанци кои се обиделе илегално да ја преминат границата

Кабул, 2 декември 2025 (МИА) - Иранските граничари синоќа застрелаа 10 авганистански државјани кои се обидувале илегално да влезат во Иран, јави германската новинска агенција ДПА.

Инцидентот се случи во западната авганистанска покраина Фарах, на границата со Иран, а двајца членови на групата која се обидела илегално да влезе во Иран се водат како исчезнати.

Илјадници Авганистанци секоја година се обидуваат илегално да влезат во Иран, поттикнати од тешката сиромаштија, невработеноста и последиците од природните катастрофи и децениските конфликти. Во 2025 година, десетици илјади авганистански мигранти и бегалци беа депортирани од Иран откако Техеран воведе рок до 6 јули Авганистанците кои немаат документи да ја напуштат земјата. Голем број Авганистанци се вратија во татковината по конфликт помеѓу Иран и Израел. ми/ссм/

фото: МИА архива

Остани поврзан