• понеделник, 29 декември 2025

Интер Мајами ја освои МЛС лигата

Интер Мајами ја освои МЛС лигата

 

Мајами, 7 декември 2025 (МИА) – Интер Мајами, предводен од легендарниот 38-годишен аргентински фудбалер Лионел Меси, ја освои синоќа титулата во американската МЛС лига.

До својата прва шампионска титула во клупската историја Интер дојде откако во финалето како домаќин триумфираше над Ванкувер со 3-1.

Меси не постигна гол во финалето, но асистираше за вториот и третиот погодок на својот тим.

Интер поведе со автоголот на Окампо во осмата минута, пред Ахмед да го израмни резултатот по еден час игра. Победата ја навести Де Пол во 71 минута, а Аљенде стави точка на победата длабоко во судиското продолжение на натпреварот.ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан