• петок, 05 декември 2025

Изјава на Рамадан Имери, независен кандидат за градоначалник на Општина Дебар (ЕМБАРГО за објавување до 19 часот)

Изјава на Рамадан Имери, независен кандидат за градоначалник на Општина Дебар (ЕМБАРГО за објавување до 19 часот)

Дебар, 2 ноември 2025 (МИА) - Независниот кандидат за градоначалник на Дебар, Рамадан Имери остварувајќи го правото на глас, се заблагодари, како што рече, за исклучителната поддршка и побара од граѓаните масовно да излезат и достоинствено да го остварат правото на глас.

-Искрено им благодарам на жителите на Дебар и населените места за исклучителната поддршка што ни ја даваат. Досегашниот масовен одѕив, благодарение и на нашите браќа и сестри кои дојдоа од земјите на Европа и од САД, јасно покажува дека нашата победа е неизбежна. Ви благодарам од срце за оваа посветеност и ве повикувам да ја зачуваме нашата смиреност, достоинство, цивилизираност. Не подлегнувајте на никакви провокации, излезете и гласајте достоинствено, како што доликува на совесен граѓанин што го сака Дебар и неговата иднина. Излезете и гласајте што е можно помасовно, зашто секој глас е сила, секој глас е доверба, и заедно да ја прославиме нашата голема победа, изјави Имери.

Во првиот круг тој доби 2532 гласа или 31,45 отсто од вкупниот број важечки гласачки ливчиња (7.707). Во првиот круг од 19.763 лица со право на глас гласаа 8.052 или 40,72 отсто, неважечки беа 345 гласачки ливчиња. вт/вј/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан