• петок, 05 декември 2025

Изјава на кандидатот за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски (ЕМБАРГО за објавување до 19 часот)

Изјава на кандидатот за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски (ЕМБАРГО за објавување до 19 часот)

Димитриевски: На Куманово и Македонија им е потребно разбирање, слога, соживот

Куманово, 2 ноември 2025 (МИА) - Солиден одзив на денешниот втор круг од локалните избори очекува лидерот на Движењето ЗНАМ-За наша Македонија и кандидат за градоначалник за Куманово, Максим Димитриевски. Во изјавата за медиумите, откако гласаше, Димитриевски рече дека граѓаните ќе победат и на демократски начин ќе ги изберат идните градоначалници. Волјата на гласачите, како што истакна тој, ќе се види вечерва по отворањето на кутиите.

-Најпрвин сакам да им честитам на сите што влегоа во вториот изборен круг. Верувам дека денеска и Куманово и Македонија ќе победат на еден демократски начин, општините и градот Скопје да ги изберат своите идни градоначалници. Што се однесува до Куманово, прекрасен ден за гласање, очекувам солиден одѕив, нешто како и во првиот изборен круг. Што се однесува до волјата на граѓаните ќе ја видиме вечерта кога ќе се отворат гласачките кутии, изјави Димитриевски.

Од позиција на актуелен градоначалник, Димитриевски ја искористи можноста и апелираше дека на Куманово и на Македонија им е потребно, слога соживот, разбирање.

- Куманово да продолжи во континуитет да се развива, бидејќи нашиот град тоа го заслужува, изјави Димитриевски. ам/вј/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан