Изјава на Бајрам Реџепи, кандидат за градоначалник на Тетово (ЕМБАРГО за објавување до 19 часот)
- Бајрам Реџепи, кандидат за градоначалник на Тетово од Национална алијанса за интеграција го оствари своето право на гласање во избирачкото место во селото Селце, Општина Тетово.
Тетово, 2 ноември 2025 (МИА) – Бајрам Реџепи, кандидат за градоначалник на Тетово од Национална алијанса за интеграција го оствари своето право на гласање во избирачкото место во селото Селце, Општина Тетово.
-Денес го остварив моето право на глас, заедно со моето семејство овде во избирачкото место во село Селце. Посакувам успешен, мирен и демократски процес. Би сакал да ги повикам сите граѓани да излезат и да гласаат во што поголем број бидејќи секој глас е многу важен за иднината на нашиот град, истакна Реџепи.ас/вј/
Фото: Прес Центар Бајрам Реџепи