Израелските сили во Газа убија 13 лица, се очекува формирање на Мировниот комитет на Трамп
- Најмалку 13 лица се убиени во израелските напади во Појасот Газа, соопштија денеска палестинските здравствени претставници.
Газа, 9 јануари 2026 (МИА) - Најмалку 13 лица се убиени во израелските напади во Појасот Газа, соопштија денеска палестинските здравствени претставници. Меѓу загинатите е најмалку едно дете.
Израелската војска денеска соопшти дека ги таргетирала инфраструктурата и борците на Хамас во јужниот и северниот дел на Појасот Газа како одговор на ракетата испукана од градот Газа.
Се очекува Трамп следната недела да го објави Мировниот комитет.
Тоа е голем чекор напред за мировниот план на Трамп за Блискиот Исток, кој полека се развива откако во октомври беше воспоставен кревко примирје, по повеќе од две години борби меѓу Израел и палестинското движење Хамас.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера објави дека поранешниот претставник на Обединетите нации за Блискиот Исток, бугарскиот дипломат Николај Младенов, е избран да ја предводи Мировната комисија на американскиот претседател Трамп, која ќе го надгледува примирјето во Газа. мс/сд/
фото: ЕПА