• петок, 21 февруари 2025

Израелската армија соопшти дека останува во Либан иако треба да се повлече

Израелската армија соопшти дека останува во Либан иако треба да се повлече

Ерусалим, 17 февруари 2025 година (МИА) - Израелската војска денеска соопшти дека нејзините сили ќе останат на пет стратешки локации во јужен Либан во близина на границата по утрешниот краен рок за нивно повлекување предвиден во мировниот договор со милитантната група Хезболах.

Либанската влада и Хезболах се против какво било одложување на повлекувањето, кое веќе е одложено на три недели.

Израелско беспилотно летало денеска погоди автомобил во јужниот либански град Сидон во најдлабокиот напад на либанска територија од стапувањето на сила на договорот за прекин на огнот.

Израел соопшти дека целта бил Мухамед Шахин, шеф на палестинските операции на Хамас во Либан.

Портпаролот на армијата, потполковник Надав Шошани рече дека петте локации каде што остануваат војниците претставуваат позиции од кои можат да се видат населбите во северен Израе, преку границата. Тој рече дека „привремената мерка“ е одобрена од телото предводено од САД што го надгледува прекинот на огнот.

„Израел е посветен на спроведувањето на прекинот на огнот на вистински начин, постепено и на начин што ќе ја зачува безбедноста на израелските цивили“, рече тој.

Според договорот, израелските сили треба да се повлечат од тампон зоната во јужен Либан, која потоа ќе биде патролирана од либанската армија и мировниците на ОН.

Примирјето се одржува откако стапи на сила кон крајот на ноември, иако Израел и Либан разменија обвинувања за негово прекршување. паг/

Фото: МИА архива
 
 

 

 

 

Остани поврзан