Изложба на украсни птици и ситни животни во Брвеница - изложени 485 примероци од 32 одгледувачи
- Во Брвеница денеска се одржа осмата државна изложба на украсни птици и ситни животни, на која се претставија 32 одгледувачи со речиси 500 примероци украсни птици, папагали, фазани, зајаци, пауни, гулаби и украсна живина.
Тетово, 14 декември 2025 (МИА) - Во Брвеница денеска се одржа осмата државна изложба на украсни птици и ситни животни, на која се претставија 32 одгледувачи со речиси 500 примероци украсни птици, папагали, фазани, зајаци, пауни, гулаби и украсна живина.
Организатор на оваа изложба е Здружението за заштита и одгледување на украсни птици и животни „Дијамантски петел“ од Тетово.
- Можеме навистина да се пофалиме со разноликост од изложени експонати. Најзастапени се секако се оние раси кои се одгледуваат вековно на овие наши простори. Тоа се македонски автохтони раси на гулаби на живина, но секако и различни видови ситна живина, на крупна живина, украсни расни гулаби навистина една лепеза од уживање. Затоа го нарековме овој ден да биде еден празник на љубителите на украсни птици, изјави Ванчо Илиевски, претседател на Македонска асоцијација на одгледувачи на ситни животни.

Се претставија 32 учесника, а изложени се 485 разни видови на живина и украсни птици.
- Љубителите одгледувачи, особено оние коишто се на некој начин попрофесионално сакаат да се занимаваат со овој вид на хоби вложуваат напори за да секоја година има што подобар и подобар квалитет, истакна Илиевски.
Изложбата има и натпреварувачки карактер. Организаторите обезбедија награди за поголем број на категории на украсните птици и ситни животни. ас/мч/
фото: МИА