• четврток, 04 декември 2025

Изложба на Марјан Стојаноски во Куманово

Изложба на Марјан Стојаноски во Куманово

Куманово, 6 ноември 2025 (МИА) - Во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово вечер со почеток во 19 часот ќе биде отворена изложбата  „Асоцијативни апстракции“ на Марјан Стојаноски. Кумановци ќе имаат можност да разгледаат дваесеттина слики работен во последните две години.

Марјан Стојаноски е роден во Прилеп 1983 година, завршил Факултетот за ликовна уметност во Скопје, во класата на професорот Ибрахим Беди. Член е на друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Во два наврати е претседател на друштвото на ликовни уметници од Прилеп (ДЛУП) каде што во 2015 година, ја добива наградата за скулптура „Јордан Грабул“ од друштвото на ликовни уметници од Прилеп. Досега реализирал самостојни и групни изложби.

За неговото творештво сликарот Тони Чатлески ќе запише: Оваа изложба го претставува Стојаноски како автор кој го владее јазикот на современата експресија, но и како мислител кој преку визуелниот знак води дијалог со историјата на уметноста, особено со наследството на европскиот модернизам. 

Изложбата ќе биде поставена до 13 ноември, годинава.ам/свс/

Фото: НУЦК 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан