Изгоре куќа во село Василево
- Изгоре куќа во село Василево, откако избувнал пожар во 13:40 часот, информираа попладнево од ТППЕ Струмица.

Струмица, 22 јануари 2025 (МИА) - Изгоре куќа во село Василево, откако избувнал пожар во 13:40 часот, информираа попладнево од ТППЕ Струмица.
Според информацијата од струмичките пожарникари во гаснењето на запалената куќа учествувале две против пожарни возила и 8 пожарникари. Тие успеале да го локализираат и изгаснат пожарот и било спречено тој да се прошири и на соседните куќи и објекти и да предизвика уште поголема материјална штета.
Причините за пожарот ќе се утврдуваат дополнително. рт/мч/
Фото: ТППЕ Струмица