Изгаснат пожарот во автобусот на ЈСП во Сопиште, интервенирано со две возила и осум пожарникари
- Пожарот што денеска избувна во автобусот на Јавното Сообраќајно Петпријатие (ЈСП) во Сопиште е целосно изгаснат и нема повредени, потврди за МИА командирот на скопската Противпожарна бригада, Звонко Томевски.

Скопје, 25 јануари 2025 (МИА) - Пожарот што денеска избувна во автобусот на Јавното Сообраќајно Петпријатие (ЈСП) во Сопиште е целосно изгаснат и нема повредени, потврди за МИА командирот на скопската Противпожарна бригада, Звонко Томевски.
-Во 12.33 часот имаме добиено пријава за настанат пожар. Пожарот се случи во автобус во близина на Сопиште, кај кружниот тек, изјави Томевски.
Тој информира дека при гаснење на пожарот е интервенирано со две возила и осум пожарникари и истиот целосно е изгаснат. бт/aa/
Фото: МИА