• петок, 21 февруари 2025

Извидници од Крива Паланка дадоа завет за прием во одредот „Наум Наумовски - Борче“

Извидници од Крива Паланка дадоа завет за прием во одредот „Наум Наумовски - Борче“

Крива Паланка, 7 февруари 2025 (МИА) - Извидници од Извидничкиот одред „Наум Наумовски - Борче“ од Крива Паланка денеска положија цвеќе на спомен-бистата на народниот херој Христијан Тодоровски - Карпош во паркот на улицата што го носи неговото име.

По настанот младите дадоа свечен завет и како скаути беа примени во одредот.

-Оваа активност е дел од годишната програма за работа на извидничкиот одред што предвидува положување цвеќе на спомен-бистата на народниот херој Христијан Тодоровски-Карпош и давање завет на 30 новопримени извидници,  кои со самото давање на завет беа примени како редовни членови на извидничкиот одред. Периодов воедно објавивме и повик за прием на нови членови, што е сѐ уште отворен и им нуди на младите да бидат дел од нашата извидничка дружина и да развијат лидерски вештини. До членството во одредот им нудиме незаборавни кампови, дружби во природа, авантура, другарство и нови предизвици, информира Соња Ангеловска, претседател на ИО „Наум Наумовски - Борче“.

Ги повика младите од градот да станат дел од скаутската организација и да научат како да се снаоѓаат во природа, да стекнат корисни животни вештини и да создадат пријателства што траат цел живот.

На споменикот на народниот херој Христијан Тодоровски - Карпош денеска одбележувајќи 81 година од неговото загинување цвеќе положија поранешни работници во некогашниот текстилен гигант од градот ТРО „Карпош“, преставници од Сојузот на борци Крива Паланка и група граѓани.

Краток историски осврт за ликот и делото на Карпош одржа историчарот - кустос во ЛУ Градски музеј Крива Паланка Мартин Додевски. ид/мд/


Фото: ИО „Наум Наумовски - Борче“ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан