• петок, 21 февруари 2025

ИДФ: Палестинските напаѓачи кои го извршија нападот во Ел Фундук убиени во близина на Џенин

ИДФ: Палестинските напаѓачи кои го извршија нападот во Ел Фундук убиени во близина на Џенин

Тел Авив, 23 јануари 2025 (МИА) - Двајца палестински напаѓачи, кои беа убиени во текот на ноќта меѓу понеделникот и вторникот во близина на градот Џенин на Западниот Брег, се меѓу напаѓачите кои извршија терористички напад во селото Ел Фундук на почетокот на јануари, соопшти израелската војска.

Хамас ја презеде одговорноста за нападот на 6 јануари, потврдувајќи дека Кутаиба ал Шалаби и Мохамед Назал, кои беа убиени, учествувале во нападот во кој загинаа тројца Израелци, пишува „Тајмс оф Израел“.

Израелската војска (ИДФ) соопшти дека членовите на единицата Дувдеван, агенти на Шин Бет и други војници ја опколиле зградата во Вади Буркин и користеле специјална тактика за да ги принудат терористите да излезат.

По размената на оган која траела околу четири часа, напаѓачите биле убиени, а еден израелски војник е тешко повреден, соопшти израелската војска. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан