• петок, 21 февруари 2025

Златевски: Лозарите бараат зголемување на субвенциите

Златевски: Лозарите бараат зголемување на субвенциите

Кавадарци, 24 јануари 2025 (МИА) - Лозарите бараат зголемување на субвенциите, рече денеска претседателот на Сојуз на лозари, Јован Златевски, во изјава за МИА. Тој истакна дека од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство наишле на разбирање за потребата од зголемување на субвенциите што ги добиваат производителите на грозје, па очекува дека лозаропроизводителите ќе бидат задоволни со програмата за државно субвенционирање што била во фаза на изработка.

-Бараме зголемување на субвенциите по хектар лозов насад. Наместо досегашните 40 илјади денари и предложените од државата од 42 илјади денари, ние бараме да добиваме по 60 илјади денари по хектар лозје, појасни Златевски.

Тој истакна дека бараат и исплата по еден денар плус од државниот буџет, за секој килограм грозје продаден кај откупувачите во земјава, во гроздоберската сезона од минатата година.

-Ова, како надоместок за претрпената штета од енормно високите температури во текот на летниот период, нагласи претседателот на Сојузот на лозари.

Како трето, бараат целосно оспособување на хидромелиоративните системи во државата.

-Да се отстранат сите проблеми, дефекти. Да се санираат сите оштетувања. Тоа да се направи навремено, со цел новата наводнувачка сезона оваа година да започне навремено и да се одвива без застои, подвлече Златевски. свд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан