Земјотрес со јачина од 4,4 степени во Албанија, епицентарот во близина на Скадар
- Земјотрес со јачина од 4,4 степени попладнево е регистриран во северниот дел на Албанија, кој е почувствуван и во Црна Гора.

Тирана, 24 јануари 2025 (МИА) - Земјотрес со јачина од 4,4 степени попладнево е регистриран во северниот дел на Албанија, кој е почувствуван и во Црна Гора.
Епицентарот на потресот е на 14 километри јужно од Скадар и на 57 километри југоисточно од Подгорица на длабочина од 10 километри.
Според албанското Министерство за одбрана, земјотресот не предизвикал материјална штета, освен паника меѓу жителите. вт/паг/
Фото: МИА архива