Зеленски пристигна во Ирска
- Украинскиот претседател Володимир Зеленски и првата дама Олена Зеленска пристигнаа во официјална посета на Ирска, соопшти ирскиот премиер Мајкл Мартин на Х.
Даблин, 2 декември 2025 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски и првата дама Олена Зеленска пристигнаа во официјална посета на Ирска, соопшти ирскиот премиер Мајкл Мартин на Х.
- Имам чест да им посакам добредојде на претседателот Володимир Зеленски и на првата дама Олена Зеленска во Ирска, напиша тој.
Мартин нагласи дека поддршката за украинскиот народ, кој се бори за слобода и демократија, останува непоколеблива.
Ирскиот весник „Ајриш Тајмс“ додаде дека авионот со Зеленски и неговата сопруга слетал на аеродромот во Даблин синоќа околу 23 часот по локално време.
Планирани средби на високо ниво, а украинскиот претседател ќе го посети и парламентот, ќе учествува на церемонијата на отворање на Ирско-украинскиот економски форум и ќе се сретне со украинската заедница. јт/сд/
Фото: Мартин на Х скриншот