Зеленски повика на „болни“ санкции за Русија по масовниот напад со дронови
- Претходно утринава, властите во Киев соопштија дека Украина била цел на рекордни 728 дронови во текот на ноќта.
Киев, 9 јули 2025 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека најмасовниот руски напад со дронови од почетокот на војната, извршен изминатата ноќ врз Украина, ја покажува потребата од „болни“ санкции против Русија и секундарни казнени мерки за руската нафтена индустрија.
Претходно утринава, властите во Киев соопштија дека Украина била цел на рекордни 728 дронови во текот на ноќта. ссм/
фото: архива