Здружението на Македонци по потекло од Албанија „Зошто" официјално почна со работа
- Здружението на Македонци по потекло од Албанија „Зошто„ со седиште во Ресен, со усвојување на Статутот и доделување на првите членски книшки, официјално ја почна својата активност.
Дебар, 9 ноември 2025 (МИА) - Здружението на Македонци по потекло од Албанија „ЗОШТО„ со седиште во Ресен, со усвојување на Статутот и доделување на првите членски книшки, официјално ја почна својата активност.
- Со овој чин, официјално започнува активното делување на нашето здружение „ЗОШТО“, кое има за цел да ја афирмира и зајакне улогата на Македонците по потекло од Албанија, нивната културна, јазична и национална припадност, информираше претседателот Панди Јани.
Најави дека во следниот период, Здружението ќе продолжи со организирање средби во повеќе градови низ државата, со цел афирмација, обединување и поддршка на Македонците по потекло од Албанија.
- На сите присутни членови, основачи и поддржувачи им упатувам благодарност за нивната посветеност и визија во градењето на оваа важна организација, која ќе работи со љубов, обединување и гордост за нашето македонско потекло, посочи Јани.
Здружението беше регистрирано на 25 септември, а негова мисија е афирмација на македонската култура и идентитет, а името е инспирирано од книгата на еден од најпознатите писатели во Албанија со македонско потекло, Стерјо Спасе.
- Здружението ќе биде партнер на сите организации и институции кои работат за афирмација на македонската кауза. Акцентот ќе биде ставен на младите генерации, културната размена и зачувувањето на националната меморија преку истражувања, јавни трибини и издавачка дејност, потенцира за МИА, Панди Јани. вт/
Фото: МИА