Започна изградбата на улица Питу Гули во Македонска Каменица
- Во Македонска Каменица започнаа првичните работни активности за изградба на улицата Питу Гули, соопшти градоначалникот на Општината, Димчо Атанасовски.

Македонска Каменица, 12 февруари 2025 (МИА) - Во Македонска Каменица започнаа првичните работни активности за изградба на улицата Питу Гули, соопшти градоначалникот на Општината, Димчо Атанасовски.
Работите како што имформираше тој вклучува подготвителни земјени работи и поставување на подземните инфраструктурни инсталации.
-Со реализацијата на овој долгоочекуван проект, граѓаните конечно ќе добијат побезбеден и поквалитетен пристап до своите домови, а истовремено ќе биде унапредена и урбаната инфраструктура во овој дел од градот, истакна Атанасовски.
Финансирањето во висина од 10.423.416,00 денари, за изградба на улица Питу Гули со должина од 225 метри, како што додаде, целосно е обезбедено од Владата.
-Упатувам огромна благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа, Златко Перински за оваа поддршка која има големо значење за нашиот град, додадњ Атанасовски.
Најави дека како градоначални ќе продолжи со реализиарање активности во насока на создавање подобри услови за живот на сите жители на Македонска Каменица. вс/сст/
Фото: Општина Македонска Каменица