• петок, 21 февруари 2025

Завршува проектот „Уредување на брегот на брана Пишица“ во Пробиштип

Завршува проектот „Уредување на брегот на брана Пишица“ во Пробиштип

Пробиштип, 21 февруари 2025 (МИА) - На самиот крај е реализација на проектот за „Уредување на брегот на брана Пишица“ информираше градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов.

Тој истакна дека во рамките на проект беа реализирани неколку активности, меѓу кои асфалтирање на пристапен пат до самата брана, поплочување на пристапни патеки, паркинг простор, осум летниковци, шест ѕидани скари од камен, осветлување со фотоволтаични светилки, клупи и корпи за отпадоци.

-Средствата во висина од 10.2 милиони денари општината ги обезбеди преку Центарот за развој на Источен плански регион (ИПР) од Програмата за регионален развој при Биро за рамномерен регионален развој, при што има учество од 20%, изјави Анастасов.

Тој истакна дека со реализација на овој проект се збогатува туристичката понуда на Општина Пробиштип и се добива одлична можност со овој уреден простор за одмор и рекреација од секојдневните активности. вдј/

Фото: Општина Пробиштип

Остани поврзан