• петок, 05 декември 2025

Заменик амбасадорот Бен Нупнау ја посети Општина Битола

Заменик амбасадорот Бен Нупнау ја посети Општина Битола

Битола, 18 ноември 2025 (МИА) - Заменик амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во земјава, Бен Нупнау оствари официјална средба со градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.

Од секторот за односи со јавност на Општина Битола, доцна попладнево информираа дека соговорниците размениле информации и мислења за европските проекти што во моментов се реализираат во Општина Битола со поддршка на ЕУ преку различни програми.

-На средбата Коњановски – Нупнау, акцент беше ставен на тековните инвестиции, нивното значење за локалниот развој и потенцијалот за отворање нови можности за граѓаните. Средбата заврши со заедничка оценка дека континуираната поддршка и партнерство се од клучно значење за успешното спроведување на реформските процеси и развојните иницијативи во Битола. мт/нд/

Фото: Општина Битола

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан