• петок, 21 февруари 2025

Завршува повикот за субвенции за клими, барања можат да се достават утре до општина Куманово

Завршува повикот за субвенции за клими, барања можат да се достават утре до општина Куманово

Куманово, 17 февруари 2025 (МИА) - Утре завршува повикот за субвенционирање на високоефикасни инвертер клима уреди, објави денеска кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски. Повикот започна пред една недела на 10 февруари годинава и поради исцрпување на предвидените финансиски средства ќе заврши утре.

- Поради тоа, сите заинтересирани граѓани за субвенции за клима ќе можат да поднесуваат барањата уште денеска и утре. Во случај да има предвидено дополнителни нови средства за субвенционирање, граѓаните навремено ќе бидат известени, информираше Димитриевски.

Мерката има за цел да ги стимулира жителите на Општина Куманово (домаќинствата) за употреба на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината. На жителите кои имаат купено високоефикасен инвертер клима-уред во 2025 година, општината ќе им ги надомести трошоците направени при набавка на уредот во вредност од 20.000 денари во нето износ по домаќинство. Персоналниот данок ќе биде на товар на Општина Куманово, информираа од општината.

Формално, рокот е до 30 октомври годинава, но и во повикот беше навдено дека доколку бидат исцрпени средствата од буџетот, општината ќе ги информира граѓаните. Од општинскиот буџет одвоени се два милиони денари. Субвенциите како што тои во повикот ќе се делат по принципот „прв дојден, прв услужен“. ам/дма/


Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан