• петок, 05 декември 2025

Завршена санацијата на патот кон Пехчево – нов асфалт на регионалниот пат Р1302

Завршена санацијата на патот кон Пехчево – нов асфалт на регионалниот пат Р1302

Делчево, 7 ноември 2025 (МИА) – Целосно е завршена санацијата на регионалниот пат Р1302, на делницата од Делчево кон Пехчево, објави денеска на својата фејсбук страница градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски.  

Проектот, кој се реализираше со финансиска поддршка од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), опфати целосна обнова и поставување нов асфалтен слој на површина од 10.200 квадратни метри, со вкупна инвестиција од 20 милиони денари.  Изведувач на работите беше ЈП „Македонијапат“.  

- Овој пат е една од најфреквентните врски на Делчево со соседните општини, а со новиот асфалт значително се подобрува безбедноста, мобилноста и квалитетот на возење за сите граѓани – истакна градоначалникот Гоцевски, додавајќи дека проектот е пример за успешна соработка меѓу локалната самоуправа и државните институции.  

Гоцевски упати и благодарност до директорот на ЈПДП, Коце Трајановски, за поддршката и континуираната соработка.  

– Кога локалната самоуправа и државните институции работат заедно – резултатите се видливи на терен. Продолжуваме посветено да инвестираме во патна инфраструктура за посовремено, побезбедно и поврзано Делчево, порача Гоцевски.  

Во објавата на својот Фејсбук-профил, тој сподели и видео од реконструираната делница. вс/рп/

Фото: Општина Делчево

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан