• петок, 05 декември 2025

Жена загина, а сопругот ѝ е ранет при украински напад во Белгородската област

Жена загина, а сопругот ѝ е ранет при украински напад во Белгородската област

Москва, 1 декември 2025 (МИА) - Жена загина, а нејзиниот сопруг е ранет кога дрон на украинската армија погоди автомобил во селото Грузскоје, Борисовски округ, во Белгородската област, соопшти регионалниот оперативен штаб на „Телеграм“, пренесе ТАСС.

„Во селото Грузскоје, во Борисовскиот округ, дрон нанесе удар врз патничко возило во движење, во кое се наоѓаше брачен пар. Жената, која добила тешки повеќекратни повреди, починала на пат кон болницата. Сопругот има шрапнелни повреди на нозете и рацете, како и затворена повреда на черепот и баротраума“, наведе оперативниот штаб.

Повредениот маж со итна медицинска помош бил префрлен во градската болница во Белгород, каде што му се укажува неопходната медицинска грижа, јави ТАСС. ссм/мс/

фото: архива/илустрација

Остани поврзан