Ердоган разговараше за Газа и билатералните прашања со пакистанскиот премиер Шариф
- Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска се сретна со пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф во неговата канцеларија во Исламабад, за да разговараат за ситуацијата во Газа и за унапредување на билатералната трговија и соработка.

Исламабад, 13 февруари 2025 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска се сретна со пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф во неговата канцеларија во Исламабад, за да разговараат за ситуацијата во Газа и за унапредување на билатералната трговија и соработка.
Ердоган и Шариф заеднички претседаваа со разговорите за стратешка соработка меѓу двете земји, кои споделуваат блиски историски и културни врски.
За време на церемонијата што се емитуваше во живо на телевизија, двајцата лидери присуствуваа на потпишувањето на 24 договори и меморандуми за разбирање кои имаат за цел подобрување на трговските и економските врски. рп/
Фото: МИА архива