Едукација за екологија и претприемништво, Еразмус + приказна од Крива Паланка
- Во организација на тим наставници од основното општинско училиште „Св.Јоаким Крчовски" во Европската куќа Крива Паланка се одржа дисеминација на Еразмус плус проектот „Зелена иднина на агро- претприемништво" (Green Agripreneurship of Future).
Крива Паланка, 20 декември 2025 (МИА) - Во организација на тим наставници од основното општинско училиште „Св.Јоаким Крчовски" во Европската куќа Крива Паланка се одржа дисеминација на Еразмус плус проектот „Зелена иднина на агро- претприемништво" (Green Agripreneurship of Future).
На настанот на кој присуствуваа голем број наставници и ученици беше претставена и платформата Agripreneurship.kids и успешно се реализираше интерактивна работилница посветена на зеленото претприемништво и одржливо земјоделство.
-Целта на оваа работилница беше да покажеме како преку современи дигитални платформи и проектно учење можеме да ги мотивираме учениците да размислуваат еколошки, претприемачки и одговорно кон заедницата. AgripreneurKids претставува одлична алатка за поврзување на образованието со реалните предизвици во областа на одржливиот развој, изјави координаторката на проектот, Габриела Стојановска.
Работилницата се реализираше како дел од дисеминациските активности на Erasmus+ проектот „Green Agripreneurs of Future“, со фокус на презентација и примена на едукативната дигитална платформа, наменета за развој на зелени и претприемачки компетенции кај учениците.
На настанот учествуваа претставници од ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка, ООУ „Илинден“, ООУ „Христијан Тодоровски Карпиш“ – Ранковце, како и претставник од Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделство. Преку дискусија и размена на искуства беа разгледани можностите за интеграција на зелените теми и дигиталните алатки во наставниот процес.
Учесниците во дискусија ја истакнаа важноста од вакви активности и потребата од понатамошна соработка меѓу училиштата и институциите во насока на развој на зелени компетенции кај младите.ид/лв/
Фото МИА