• среда, 14 јануари 2026

Василичарите од Боемска со хуманитарно дружење во Дебар Маало на празникот Василица

Василичарите од Боемска со хуманитарно дружење во Дебар Маало на празникот Василица

Скопје, 14 јануари 2026 (МИА) - Здружението „Василичарите од Боемска“ денеска попладне во скопско Дебар Маало со хуманитарен настан ќе го одбележат празникот Василица.

-Оваа традиција ја започнавме во 2023 година, со цел не само да го одбележиме празникот, туку и да ја негуваме хуманоста, солидарноста и заедништвото меѓу граѓаните. Ги покануваме сите да ни се придружат на дружење во празнична атмосфера и заедно да бидеме хумани. Сите средства собрани од продажбата на македонски традиционални јадења, греана ракија, греано вино и други производи, како и средствата од доброволните донации на граѓаните, ќе бидат донирани на социјално загрозени семејства, наведуваат организаторите.

Настанот ќе почне во 16:00 часот, на Боемска улица во Дебар Маало, а организаторите ги повикуваат сограѓаните да се приклучат на оваа хумана традиција.

-Да помогнеме заедно на оние на кои им е најпотребно. Во духот на празниците, да си подадеме рака, да бидеме солидарни и хумани, апелираат Василичарите од Боемска. вг/

Фото: Василичарите од Боемска

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан