• сабота, 22 февруари 2025

Еден загинат и тројца ранети во руски напад врз Киев

Еден загинат и тројца ранети во руски напад врз Киев

Киев, 12 февруари 2025 (МИА) - Во руски ракетен напад врз украинскиот главен град Киев денеска загина еден човек, изјави градоначалникот Виталиј Кличко.

„Најмалку тројца се ранети“, објави Кличко на Телеграм.

Двајца од повредените се пренесени во боилница.

Андриј Јермак, шеф на претседателската канцеларија на Украина, претходно изјави дека ракетните и воздушните одбранбени системи околу Киев се активни.

Нападот предизвика штети и пожари во најмалку четири области на главниот град, според украинската државна служба за вонредни состојби.

Украинското воено воздухопловство соопшти дека Киев бил нападнат со балистички ракети. паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан