• сабота, 21 декември 2024

Европската Суперлига ќе започне во 2025 година

Европската Суперлига ќе започне во 2025 година

Мадрид, 14 октомври 2024 (МИА) - Почетокот на новата фудбалска Суперлига најверојатно ќе биде даден во септември 2025 година, пишува весникот „АС“ повикувајќи се на генералниот директор на проектот Бернд Рајхарт.

Во април 2021 година, 12 клубови (Реал Мадрид, Јувентус, Барселона, Атлетико Мадрид, Милан, Интер, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Челси, Ливерпул, Тотенхем и Арсенал) објавија создавање на турнирот, но по заканата со санкции од УЕФА проектот беше стопиран.

Во декември 2023 година, Судот на правдата на Европската унија застана на страната на Суперлигата во нејзиниот спор со УЕФА и ФИФА и дозволи турнирот да започне без дозвола од други организации. Во еквивалентот на тековната Лига на шампиони се очекува да учествуваат 64 клубови.

Рајхарт претходно изјави дека новиот формат на Лигата на шампионите не ги оправдал очекувањата на УЕФА. Од сезоната 2024/2025, бројот на екипи кои се натпреваруваат во првата фаза на турнирот се зголеми од 32 на 36, а наместо осум групи од четири екипи, сега има една главна групна фаза. дс

Фото: Архива

Остани поврзан