• понеделник, 15 декември 2025

Дјусбери-Хол му донесе победа на Евертон над Манчестер јунајтед

Дјусбери-Хол му донесе победа на Евертон над Манчестер јунајтед

Манчестер, 25 ноември 2025 (МИА) - Манчестер јунајтед синоќа загуби од Евертон со 1:0 на домашен натпревар во 12. коло од англиската Премиер лига.

Фудбалерот од средниот ред Кјернан Дјусбери-Хол го постигна единствениот гол во 29. минута.

Од 13-тата минута па натаму, гостите останаа со 10 играчи откако Идриса Геје беше исклучен.

Манчестер јунајтед имаше 25 шутеви кон голот, додека гостите имаа три.

Ова е трет натпревар во низа за Манчестер без победа. Тимот е 10-ти на табелата во Премиер лигата со 18 бода по 12 натпревари. 

Евертон го доби својот втор натпревар по ред и се искачи на 11. место со 18 бода по 12 натпревари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан