• петок, 05 декември 2025

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

Лос Анџелес, 3 ноември 2025 (МИА) – Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Лука Дончиќ, призна дека имаше проблеми со ефикасноста на средбата со Мајами хит.

-Мислам дека добро ја движевме топката. Очигледно, можевме да постигнеме и 150 поени, доколку јас и Остин Ривс, погодевме неколку шутеви. Сепак, мислам дека почнавме да играме добра одбрана. Само треба да ја подобриме ефикасноста. Имав проблеми со шутот, но ние извојувавме победа (130:120) и тоа е најважно. 

Против Мајами, словенечкиот кошаркар ноќеска постигна трипл-дабл (29 поени, 11 скока, 10 асистенции), но погоди само 1 од 11 обиди за тројка.

Остин Ривс додаде 26 поени и 11 асистенции, погодувајќи 4 од 14 тројки. Вкупно, шест играчи на Лејкерси постигнаа повеќе од 10 поени. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан