• сабота, 22 февруари 2025

Дом на култура - Кавадарци најави богата програма за „Свети Трифун“

Дом на култура - Кавадарци најави богата програма за „Свети Трифун“

Кавадарци, 3 февруари 2025 (МИА) - Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ од Кавадарци попладнево најави богата програма во рамките на одбележувањето на „Свети Трифун“, празник што се смета за заштитник на лозарите и винарите. 

- Наскоро, на 14 февруари е празникот „Свети Трифун“. Домот на културата се приклучува во чествувањето на празникот со неколку настани во организација на Општина Кавадарци, со изложба, промоција на книга, со Фестивалот „Срма“ и нешто плус. Со настапите на Фолклорниот ансамбл „Тиквеш“ и целонеделно дружење со кавадаречката култура и уметност. За многу години празникот „Свети Трифун“, порачаа од културниот дом. 

Оттаму споделија дека агендата започнува во вторник, на 11 февруари, од 12 часот, во Галеријата при Домот.

- Ќе биде отворена изложба на дела од „Валандовската ликовна колонија 2024“. Изложбата е само почеток од чествувањата на празникот во нашата културна установа. На изложбата ќе бидат изложени дела од познати ликовни уметници од повеќе балкански земји, напишаа од „Иван Мазов - Климе“ на „Фејсбук“. свд/бд/

Фото: „Фејсбук“ на Домот на културата

Остани поврзан