До 9 часот во Центар Жупа излезеноста 0,75 отсто
- Споредено со изборите на 19 октомври, излезеноста е пониска за 0,65 отсто. Тогаш до 9 часот гласале 106 граѓани или 1,4 отсто.
Дебар, 11 јануари 2026 (МИА) - Непречено се одвива изборниот процес во општина Центар Жупа. Претседателот на Општинската изборна комисија, Неџип Илјаз за МИА потврди дека до 9 часот гласале 57 лица или 0,75 отсто од вкупно запишаните 7 562 со право на глас.
Споредено со изборите на 19 октомври, излезеноста е пониска за 0,65 отсто. Тогаш до 9 часот гласале 106 граѓани или 1,4 отсто.
Во ова општина, каде се повторуваат изборите за градоначалник на гласачкото ливче е само еден кандидат а се гласа на 16 избирачки места. вт/мч/
Фото: МИА