• петок, 05 декември 2025

Димитриевски најави над 30 инфраструктурни проекти

Димитриевски најави над 30 инфраструктурни проекти

Куманово, 3 ноември 2025 (МИА) - Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски на првиот работен ден од неговиот трет мандат, изврши увид на повеќе теренски активности и најави над 30 инфраструктурни проекти во периодот што следи.

Тој ја посети населбата „Зелен рид“ и улицата „Васко Карангелевски, каде се спроведуваат градежни активности.

- Почитувани сограѓани, прв работен ден по изборот, овде сме во населба Зелен рид, на улица Васко Карангелески. Улица којашто носи име на еден наш великан, вистински патриот. Сакам од овде да најавам во следниот период реализација на повеќе од 30 инфраструктурни проекти во различни делови на градот, со акцент на централно градско подрачје, големите урбани населби и урбано-руралниот дел во градот. Продолжуваме заедно, ви благодарам на довербата. Куманово заслужува континуитет, вчера тоа го доби, го потврди. А моја обврска е да продолжиме заедно да го градиме Куманово. Ви благодарам уште еднаш за дадената поддршка, истакна Димитриевски во своето обраќање до граѓаните. ам/мч/

Фото Општина Куманово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан