• четврток, 04 декември 2025

Десетици загинати во свлечишта и поплави во Шри Ланка

Десетици загинати во свлечишта и поплави во Шри Ланка

Коломбо, 27 ноември 2025 (МИА) – Најмалку 39 лица загинаа, а 14 се водат како исчезнати во свлечишта и поплави предизвикани од обилни дождови во неколку делови на Шри Ланка, соопштија денеска локалните власти.

Деветнаесет од смртните случаи се пријавени во областа Бадула, 230 километри источно од главниот град Коломбо. Неколку куќи лоцирани во плантажа за чај биле уништени во едно свлечиште.

Поголемиот дел од Шри Ланка го зафатија обилни врнежи во изминатите два дена, а се предвидуваат повеќе дождови пред крајот на неделата.

Сите национални паркови се затворени на неодредено време, а затворени се и неколку клучни патишта што го ограничува патувањето во земјата. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан