Украински дронови во текот на ноќта запалија резервоари за нафта во Краснодар
- Пожарот зафати површина од 2.000 квадратни метри во градот на полуостровот Таман, соопштија тие. Десетици пожарникари и службеници за цивилна заштита работеа на локализирање на пожарот.
Краснодар, 25 декември 2025 (МИА) - Во украински ноќен напад со беспилотни летала, запалени се резервоари со нафтени деривати во пристанишниот град Темрјук, во јужниот руски регион Краснодар, соопштија денеска властите на градот на Азовското Море.
Пожарот зафати површина од 2.000 квадратни метри во градот на полуостровот Таман, соопштија тие. Десетици пожарникари и службеници за цивилна заштита работеа на локализирање на пожарот.
Градот беше цел на сличен напад со беспилотни летала и ноќта меѓу 4 и 5 декември.
Украина постојано напаѓа руски нафтени постројки со цел да го наруши снабдувањето со гориво за руските сили што се борат на украинска територија, но исто така и да го одземе важен извор на приход за руската економија.
Руското Министерство за одбрана во Москва објави дека воздушната одбрана во текот на ноќта пресретнала и уништила 141 украински дрон.
Најтешко погоден е Брјанскиот регион на границата со Украина.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, исто така, пријави голем број соборени дронови.сд/
фото:Х