• петок, 12 декември 2025

Дербито за Струга, Е.Пелистер и Бутел одиграа нерешено

Дербито за Струга, Е.Пелистер и Бутел одиграа нерешено

Радовиш, 11.декември 2025 (МИА) – Ракометарите на Струга стигнаа до вредна победа во борбата за опстанок во Супер лигата откако вечерва во дуелот од 16.коло како гости го совладаа Радовиш со 26:24. Притоа стружани направија вистински пресврт откако беа во негатива од два гола (22:24) на шест минути пред крајот, но во последните минути не примија гол, а постигнаа четири за нови два бода против директниот конкурент.

Домашната екипа на Радовиш остана без освоен бод.

На вториот натпревар одигран денеска во Битола Еурофарм Пелистер 2 и Бутел одиграа нерешено 24:24.

Табела: Вардар 30 бодови, Е.Пелистер 28, Охрид 25, Алкалоид 25, Тиквеш 16, Бутел 16, Е.Пелистер 2 15, Прилеп 14, Пролет 12, Струга 6, МРК Куманово 5, Радовиш 0. Мн/

Фото: РФМ

Остани поврзан