• четврток, 15 мај 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Денеска нова размена на речиси 500 воени заробеници меѓу Русија и Украина

Денеска нова размена на речиси 500 воени заробеници меѓу Русија и Украина

Киев, 19 април 2025 (МИА) – Русија и Украина денеска треба да разменат затвореници, а посредник во договорот повторно се Обединетите Арапски Емирати, соопштил извор запознаен со преговорите.

Ќе бидат разменети вкупно 492 војници – 246 од двете страни, како и уште 46 ранети украински војници.

За време на војната Русија и Украина со посредство на ОАЕ веќе разменија вкупно 3.233 воени заробеници. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан