• петок, 19 декември 2025

Руската армија зазеде две населени места во Источна Украина

Руската армија зазеде две населени места во Источна Украина

Москва, 15 мај 2025 (МИА) – Руската армија ги зазеде двете населени места Новоалександривка и Торске во источна Украина, соопшти руското Министерство за одбрана.

- Контролата врз двете населени места е воспоставена како резултат на активните дејствија на единиците на воената групација Запад, се наведува во соопштението на руското МО.

Во Истанбул денеска попладне се очекува да почнат преговори помеѓу Русија и Украина за завршување на војната. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан