Демир Капија ја објави програмата за „Свети Трифун"
- Општина Демир Капија ја објави програмата за одбележување на празникот „Свети Трифун", што се смета за заштитник на лозарите и винарите.

Демир Капија, 5 февруари 2025 (МИА) - Општина Демир Капија ја објави програмата за одбележување на празникот „Свети Трифун", што се смета за заштитник на лозарите и винарите.
- И годинава ќе уживаме во чаша вкусно вино, креативноста на занаетчиите, а за забавата ќе се погрижат локални музички артисти. Ве очекуваме на 14 февруари на градскиот плоштад, заедно да наздравиме за љубов, среќа, за бериќет и богат род, за традицијата која низ вековите се чува и негува, рече демиркапискиот градоначалник Лазар Петров.
Тој информира дека активностите во чест на неделата на виното почнуваат на 7 февруари со натпревари за најдобри домашно произведени ракии и вина. Прославата ќе продолжи на 9 февруари со натпревар во закројување на винова лоза и презентација за заштита на земјоделски култури од болести и штетници. На агендата се и две изложби, една театарска претстава - комедија, културно-уметничка програма.
- Централната продава е на 14 февруари, со церемонијално закројување на винова лоза, доделување на награди и признанија, музика, базар на вино, ракотворби и традиционални производи, соопшти Петров.свд/фф/
Фото: Фејсбук на Демир Капија