Демир Капија организира натпревари во закројување лоза и за најдобри домашни вина и ракии
- Општина Демир Капија организира натпревари во закројување винова лоза и за најдобри домашно произведени вина и ракии, информираа денеска од демиркаписката локална самоуправа. Активностите се во рамки на одбележувањето на манифестацијата „Свети Трифун 2025“, во чест на празникот што се одбележува на 14 февруари, а се смета за заштитник на лозарите и винарите.

Демир Капија, 4 февруари 2025 (МИА) - Општина Демир Капија организира натпревари во закројување винова лоза и за најдобри домашно произведени вина и ракии, информираа денеска од демиркаписката локална самоуправа. Активностите се во рамки на одбележувањето на манифестацијата „Свети Трифун 2025“, во чест на празникот што се одбележува на 14 февруари, а се смета за заштитник на лозарите и винарите.
- Натпреварот во закројување винова лоза ќе се одржи во недела во 10 часот, на лозов насад во Демир Капија. Ги известуваме сите заинтересирани кои што сакаат да учествуваат на овој натпревар да го пријават своето учество на натпреварот најдоцна до петок, соопштија од Општината.
Заинтересираните за учество во натпреварот за најдобри домашно произведени вина и ракии треба да се пријават до утре заради доставување на мостри за анализа. Оценувањето на мострите ќе го врши стручна комисија. свд/мд/
Фото: МИА архива