• сабота, 22 февруари 2025

Демир Капија избра најдобри лозари кројачи во чест на ,,Свети Трифун"

Демир Капија избра најдобри лозари кројачи во чест на ,,Свети Трифун

Демир Капија, 10 февруари 2025 (МИА) - Демир Капија избра најдобри лозари кројачи во чест на ,,Свети Трифун", празникот на лозарите и винарите, информираа денеска од демиркаписката локална самоуправа. 

- Се одржа традиционалниот натпревар во закројување на винова лоза. На натпреварот учествуваа девет натпреварувачи, кои ги покажаа своите вештини во закројување, вклучувајќи брзина и квалитет на закроеното. Стручна комисија составена од агрономи ги оцени натпреварувачите и тоа, Димо Илов како претседател на комисија и Валентина Недева и Костадин Николов како членови на комисија, соопштија од Општината. 

Победници на годинашниот натпревар во закројување се Спасе Димов со освоено прво место, Сашко Камчев на второ и Блажо Мицев на трето место. 

- Општина Демир Капија им благодари на сите пријавени за учеството и одржувањето на традицијата. Наградите на победниците ќе им бидат врачени на 14 февруари, по повод празникот Свети Трифун на градскиот плоштад  Демир Капија, каде ќе се одржи прославата по повод празникот, информираа од локалната самоуправа. свд/са/

Фото: Општина Демир Капија 

Остани поврзан