• петок, 21 февруари 2025

Делегација од Крањ, Словенија, во посета на Општина Берово

Делегација од Крањ, Словенија, во посета на Општина Берово

Берово, 12 февруари 2025 (МИА) - Во посета на Општина Берово денеска се градоначалникот на Општина Крањ, Maтјаж Раковец и пратеничката на Движење Слобода, Сандра Газинковска, од Република Словенија. На средбата во кабинетот на градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски разговараа за продлабочување на  соработката преку реализација на заеднички проекти за подобар живот на граѓаните на двете општини.

-Разговаравме за можностите за развој на билатерална соработка и реализација на проекти, како и продлабочување на соработката, во областа на културата, социјална заштита, обезбедување на подобра комунална инфраструктура и унапредување на противпожарната заштита, истакна Пекевски.

Заеднички ја посетија и ТППЕ Берово која неодамна доби донација од Општина Крањ.

-Во таа насока во мое лично име, во име на Општината и ТППЕ Берово им се заблагодарив за неодамнешната донација од специјално противпожарно возило за Берово, со кое силно се зајакнати капитетите за противпожарна заштита, додаде Пекевски.

Во рамките на посетата, заедно со гостите и Претседателот на Совет на Општина Берово делегациите ги посетија Дневниот центар на лица со телесна или ментална попреченост, Мал групен дом и Домот за стари лица во Берово. вс/сст/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан