Дел од општина Аеродром без вода
- Без вода вечерва од 18:45 часот се дел од корисниците лоцирани на булевар „АСНОМ“ од бр.70 до бр.116.
Скопје, 14 декември 2025 (МИА) - Без вода вечерва од 18:45 часот се дел од корисниците лоцирани на булевар „АСНОМ“ од бр.70 до бр.116.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради уличен водоводен дефект од Ф - 100 милиметри на булевар „АСНОМ“ бр.74 во населба Аеродром.
Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот. мд/мч/
Фото: МИА архива