• недела, 11 јануари 2026

Девизните резерви во декември лани повисоки за 63,1 милион евра во однос на ноември

Девизните резерви во декември лани повисоки за 63,1 милион евра во однос на ноември

Скопје, 8 јануари 2026 (МИА) - На крајот на декември 2025 година официјалните девизни резерви изнесуваат 4.925,3 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 63,1 милиони евра, објави Народната банка. 

Најголем дел од девизните резерви е пласиран во хартии од вредност (74,2 проценти) по што следуваат монетарното злато (16,5 проценти) и валутите и депозитите (9,3 проценти).

Како што изјави неодамна гувернерот Трајко Славески, девизните резерви се повисоки за речиси 50 проценти во однос на 2019 година и се на комотно ниво, кое гарантира стабилност на девизниот курс и обезбедува простор за интервенции доколку се укаже потреба. 

- Доколку се земе предвид дека девизните резерви треба да обезбедат покриеност на увозот од најмалку четири месеци, таа кај нас во моментот изнесува 4,6 месеци, што е над сите меѓународни стандарди, рече Славески во телевизиско гостување.лв/вј/

Фото: принт скрин од Извештај на Народна банка 

Остани поврзан