• недела, 11 јануари 2026

Деветмина повредени во напад во Тајван, вооружен човек фрлал димни бомби и напаѓал минувачи

Деветмина повредени во напад во Тајван, вооружен човек фрлал димни бомби и напаѓал минувачи

Тајпеј, 19 декември 2025 (МИА) - Најмалку девет лица се повредени, од кои четворица сериозно, во напад на метро станица во Тајпеј.

Вооружениот човек активирал димни бомби, а потоа нападнал минувачи.

Тајванскиот премиер Чо Јунг-таи го потврди нападот на својата Фејсбук страница, но не даде детали.

Се верува дека вооружениот човек извршил самоубиство, според медиумите.

Мотивот за нападот сè уште не е познат. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан