• понеделник, 08 декември 2025

Девет лица загинаа во верижен судир на автопат во Кина

Девет лица загинаа во верижен судир на автопат во Кина

Урумчи, 7 декември 2025 (МИА) – Девет лица загинаа, а седум се повредени во верижен судир на автопат во ујгурскиот автономен регион Синџанг во северозападна Кина, соопштија денеска локалните власти.

Несреќата се случила околу 22 часот синоќа на автопат во градот Усу во префектурата Таченг, каде што повеќе возила се судриле едно по друго, пренесува Синхуа.

Во несреќата учествувале пет големи возила и седум помали автомобили. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан