Две крводарителски акции во Делчево
- Во Делчево денеска се одржаа две крводарителски акции. На акциите учествуваа граѓаните и припадниците на МВР, а како што информираше Ивана Ангеловски од Црвен крст Делчево беа дарувани вкупно 144 крвни единици.

Делчево, 6 февруари 2025 (МИА) - Во Делчево денеска се одржаа две крводарителски акции. На акциите учествуваа граѓаните и припадниците на МВР, а како што информираше Ивана Ангеловски од Црвен крст Делчево беа дарувани вкупно 144 крвни единици.
-Денес се одржа редовна крводарителска акција со граѓанството и крводарителска акција на која учествуваа претставници на МВР и Гранична полиција вработени во Регионалниот центар за гранични работи Исток. Акциите се одвиваат според предвидениот редослед, со тоа што на втората акција учествуваа и средношколци и студенти. Ја користам можноста да им се заблагодарам на сите нив за нивниот придонес, истакна Ангеловски.
Сите крводарители кои имаат дарувано најмалку пет пати, апелираше да се пријават за доделување јубилејна награда.
-Да ја искористам можноста сите кои имаат јубилеен пат на дарувања, односно дарувале пет, 10, 25, 50, 75, 100 и 125 пати да се пријават во просториите на Црвен крст за да учествуваат на настанот за доделување награди за крводарителите со најмногу дарувања, додаде Ангеловски.
Општинската организација на Црвен крст Делчево денешните две акции ги реализираше во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје. вс/дма/
Фото: МИА