Двајца загинати во напад со украински дронови во Русија
- Две лица загинаа од остатоци од соборени дронови за време на украински напад со дронови во рускиот град Самара, соопштија денеска властите, јави ДПА.
Москва, 22 ноември 2025 (МИА) - Две лица загинаа од остатоци од соборени дронови за време на украински напад со дронови во рускиот град Самара, соопштија денеска властите, јави ДПА.
Двајца други беа повредени во нападот врз објектите за енергетска инфраструктура во градот Сизран, изјави гувернерот на регионот Вјачеслав Федоришчев.
Тој не даде никакви детали. Според извештаите на медиумите, во градот има рафинерија за нафта.
Киевските дронови постојано ја напаѓаат руската нафтена индустрија како клучен извор на финансирање за нејзината целосна инвазија на Украина, започната во февруари 2022 година.
Властите во другите региони на земјата, исто така, објавија бројни украински напади со дронови. Неколку аеродроми привремено ги прекинаа полетувањата и слетувањата поради тревогата за воздушен напад, вклучително и во Самара, Тамбов, Пенза, Саратов и Улјановск.
Руското Министерство за одбрана утрово соопшти дека 69 украински дронови биле уништени од воздушната одбрана.
Според Министерството, особено биле погодени регионите Самара и Саратов и црноморскиот полуостров Крим, кој нелегално бил анектиран од Москва во 2014 година.
Како и обично, Министерството не дало никакви информации за удари или штети.
Украинските контранапади постојано предизвикуваат штети и жртви, вклучително и меѓу цивилното население. Сепак, нивното влијание е минимизирано во однос на огромното уништување и многуте жртви предизвикани од руските напади во Украина. мс/са/
фото: ЕПА архива